Влатко Илиевски: Повторно сум сингл, се враќам на корените

 

Влатко Илиевски повторно е сингл. Пејачот и актер кој извесен период беше во врска со охриѓанката Натали, која инаку живее и работи во Амстердам, решил да стави крај на романсата, а причина за тоа била далечината, пишува „Вечер“.

- Моментално немам девојка и тоа ќе остане така се додека не најдам повторно некоја со која ќе сакаме да бидеме заедно. Љубовта не ми е приоритет во моментов, иако секогаш сум заљубен и имам инспирација да пишувам и создавам песни, вели Влатче, за Вечер.

Во моментов тој престојува во Белград каде работи на нов материјал кој ќе биде пласиран низ земјите во екс-ју.

- Деновиве сум во Србија и работам на проектот кој го спремам веќе 3-4 години. Ќе работам со познати автори од целиот Балкан и станува збор за нешто сериозно. Тука се и новите песни кои ги спремам со групата Морал и наскоро ќе го промовираме четвртиот албум, прв по 12 години пауза, додава тој.

Она што најмногу се радува кога кариерата е во прашање е соработката токму со Морал, а единствено жали што за сите овие години променил неколку музички стилови и непотребно експериментирал.

- Грешка ми е што пробував неколку пати да екпериментирам и да менувам, а она што сакам е да си ја вратам старата екипа со која започнав и ги направив најголемите успеси, заклучува Илиевски за Вечер.

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега