ФОТО: Опасно во битолско - Надојдените води на Црна ќе го отсечат РЕК Битола

 

Ситуацијата со поплавите во Новаци е критична.Постои голема опасност заради надојдената вода која наликува на планински брзак да се сруши мостот и патот на река Црна кој поминува низ Новаци и води до РЕК. Доколку дојде  до тоа цело село Новаци и најголемиот производител на електрична енергија во државата ќе останат отсечени.

Градоначалникот Котевски, локалната самоуправа,кризниот штаб и локалното население цела ноќ се на терен борејќи се со водената стихија.Целата расположлива механизација е на терен , се копаат насипи за да се спречи надојдената река да не го полави целото село

„ Ситуацијата е навистина алармантна, заради надојдената вода и скинатото корито на река Црна на околу 100 тина метри од  браната кај РЕК , скинат е и 9 тиот канал во должина од 100 метри  , така што целата вода се слева наваму , веќе започнаа да се поплавуваат куќите на почетокот на селото, поплавено е и повеќенаменското игралиште а водата е дојдена скоро до училиштето. Затоа ги пуштивме децата да си одат дома и прекината е наставата заради нивна безбедност. Ситуацијата ќе беше далеку покритична доколку не преземевме превентивни мерки уште пред неколку дена кога копавме насипи и поставувавме вреќи со песок на критичните места. Ако тоа не го направевме несакам ни да замислам какви ќе беа штетите.Водостојот на река Црна вештачки се намалува затоа што водата се пропушта кон село Новаци. “ рече градоначалникот на општина Новаци,Лазар Котевски.

Комуналното претпријатие „Комунална хигиена“  веќе започна да ги евакуира жителите во првите куќи кои веќе се поплавени.

„Веќе е евакуирано едно семејство кое живее на почетокот на селото.Успеавме да ја извадиме и целата покуќнина, вредни работи кои беа во куќата и привремено ги сместивме во општинстата сала. Правиме се што е во наша моќ да  им помогнеме на локалното население и да ги намалиме штетите.Цела нок сме на терен копаме насипи со механизација за да ја спечиме водата да продри кон средината на селото.“ вели Котевски.

Градоначалникот Котевски за в петок свика итна седница на Советот на општина Новаци.

Ситуацијата будно се следи, на критичното место кај регионалниот пат поставен е мерач на водостојот за да се следи нивото на река Црна а забрането е и движењето на тешки товарни моторни возила .

 

 

Оцени ја веста

04.02.2015 - 11:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега