Охридските училишта во милионски долгови

Минатото раководство на Охрид оставило милионски суми долгови за струја и нафта, објавува Канал 5. Според информациите на телевизијата, локалната самоуправа во градот сега работи на елиминирање на финансиските проблеми за се обезбеди непречени и нормално функционирање на образовните установи.

- Да излезат од овие финансиски потешкотии преку еден план  на сервисирање на долговите  во текот на идната година да  ги намининат  проблемите и да почнат редовно да ги исплаќаат обврските спрема коминтетните односно доверителите, истакнал охридскиот градоначалник Никола Бакрачески, пренесува Канал 5.

Општината им ги платила заостанатите сметки за електрична енергија на охридските училишта, за да не бидат исклучени и да продолжат нормално да функционираат.

- Еве веќе нешто со помош на локалната самоуправа ги исплативме нашите  долгови за електричната енергија  а секако долговите за нафта се дури и до неколку милиони, изјавил директорот на ОУ Христо Узунов Охрис, Тони Симоноски, пренесува Канал 5.

најчитано сега