Принцес крофни

 
  • За тестото
  • 150 гр. маргарин
  • 150 гр. брашно
  • 150 мл. вода + прстовет сол
  • 4-5 јајца
  • Фил
  • 2 ванила пудинг
  • 100 гр. шеќер
  • 3-4 ванили
  • 1/2 л. млеко
  • 1/2 л. слатка павлака

Принцезести... вкусни, лесни за јадење, па и не се тешки за да се спремат, а најлесно ги однемува... подготвоката е иста како за еклерите, така и за тулумбите...

1. Ставете на оган водата и маргаринот да провријат, да се стопи маргаринот, додадете го брашното, мешајте за да се спои и да не останат грутки од брашното. Тргнете настрана и оставете да се тестото малку олади.
2. Во млако тесто додавајте едно по едно од јајцата за цело време со миксерот мешајки, но зависно од големината на јајцата внимавајте да да не го оредите тестото. Тоа треба да е податно за работа. Ако е премногу меко тестото нема да може да нарасне.
3. Наполнете го шприцот за тулумби и истискувајте од тестото на побрашнет плех или плех постелен со хартија за печење. Ставете ги да се печат во предходно загреана рерна на 220 степени. Додека се печат не ја отварајте рерната. Готови се кога ќе видите дека се зарумеани.
Фил
1. Сварете го пудингот во млекото со шеќерот и ванилата, тргнете настрана и покријте со стреч фолијата за да не фати кора, оставете да се излади.
2. Изматете ја слатката павлака, додадете во изладениот пудинг, повторно измешајте за да се спојат пуднгот и павлката.
- Ставете во шприц и филувајте ги веќе изладените принцески кои сте ги пресекле, поклопете. Поросете со шеќер во прав, полијте со чоколаден прелив или тоа што во моментот имате дома и по ваша сопствена желба.
- филот можете да го поделите- ако ги сакате овошни- додадете овошје насецкано или измиксано- па спојте го целото тоа и т.н.

Извор: Мои рецепти

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 11:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа