Таткото на Гога Секулиќ: Ќерка ми ме посрамоти
Родителите на познатата пејачка Гога Секулиќ на нејзината неодамнешна промоција на новиот албум го прателе секој нејзин чекор и превртувале со очите секој пат кога таа ќе минела покрај нив. Причината за тоа бил стајлингот на Гога.
-Ќерка ми ме посрамоти. Ова на мене воопшто не ми се допаѓа. Можела и подобро да се облече, а не да се шета вака речиси гола. Разберете ме, не се лутам јас на мојата Гога, но малку и замерувам што вака се облекла.
-Јас сум постар човек и во мое време не беше вака. Се знаеше кога што се облекува. Вистина е дека таа е млада и може себе да си го дозволи тоа, но има толку други убави работи, па можела нешто позатворено, изјави таткото на Гога.
Фолкерката на промоцијата се појави само во црно трико врз кое носеше проѕирен фустан.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа