Вистински одмор: Сека Алексиќ го нападна сопругот во базен (ФОТО)
Познатата српска фолк ѕвезда Сека Алексиќ втората половина од јануари ја искористи за да се одмори од бројните настапи.
Додека многумина тврдат дека Сека се крие од даночната управа, таа веднаш по нејзината слава, ги спакува куферите и во друштво на сопругот Вељко отпатува за Италија и тоа кај роднините на Доломитските Алпи во североисточниот дел на Италија.
Од неколкуте дена минати со свеж планински воздух, скијање, камин и одлични италијански вина Сека прикачи прекрасни фотографии на социјалните мрежи.
Вториот дел од одморот Сека го мина во Будимпешта каде се одмори од воспалението на мускулите кое го доби при скијањето.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа