Маврово мрзне, во Охрид наврна најмногу дожд - каква е моменталната состојба?

Во текот на изминатото деноноќие најмногу дожд наврнало во Охрид - 11 литри на метар кадваратен, пет во Дебар, четири во Гевгелија, три во Струмица, Берово, Пожаране, два во Скопје - Зајчев рид, Крива Паланка и Претор, и по еден литар во Куманово, Тетово, Виница, Пожаране.

Во 7 часот изутринава најмногу снег има наврнато во Маврови Анови - 65 сантиметри, во Крушево наврнале 48 сантиметри, во Охрид, Претор и Пожаране по 12 сантиметри, четири во Крива Паланка, и по два во Дебар и Пожаране. Во Берово, Виница и Тополчани изменерени се по еден сантиметар снег.  

Времето утрово есончево со мала до умерена облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Во Маврови Анови се измерени - 7 степени Целзиусови, - 4 во Крушево, -2 Крива Паланка и Претор, -1 во Берово, Дебар, нула во Битола, Охрид и Куманово, еден Прилеп, два степени во Скопје, Тетово, Штип, Д. Капија, Струмица и Виница, до три степени во Кавадарци и Дојран.

Денеска времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од променлив правец. Во вечерните часови облачноста ќе се зголеми, а на моменти ќе има и засилување на ветерот. Дневната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде слично, со слаб до умерен ветер од северен правец и температура околу 8 степени.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега