Дел од патиштата под вода - возачи внимавајте!
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила има на патниот правец крак Маврово – Дебар.
Сообраќајот на патниот правец Скопје – с. Брезница - Кула - Коломонт - Македонски Брод е во прекин поради големи одрони од камења на делот Коломонт - Близанско.
Ренџерската служба на ЈП ЈАСЕН во рамките на своите надлежности го расчистува патот и непосредно ги известува патниците за движење на овој патен правец.
Поради излевање на реката Вардар на коловозот, сообраќајот на патниот правец клучка Марвинци – Гевгелија е во прекин.
Поради излевање на реката Брегалница превентивно е затворен за сообраќај патниот правец Штип - Ново Село.
Патниот правец Прилеп - Крушево во близина на с. Врбјани е во прекин, а исто и помеѓу селата Боротино, Обрашани и Кривогаштани.
На патниот правец Демир Капија - Корешница поради излевање на реката Вардар воведена е забрана за патнички возила.
Магистрален пат А-3 Делчево - Кочани е пренасочен по Р 2345 преку с. Бигла поради поголеми одрони кај м.в Драките.
Сообраќајот за сите видови на моторни возила на локалниот пат крстосница 20 ти км брана Мантово е непрооден поради излевање на реките.
Од крстосница за влез во централното градско подрачје на Штип сообраќајот е затворен за сите моторни возила.
Регионален патен правец од с. Тополчани кон с. Клепач поради премногу вода е во прекин за секаков вид на сообраќај.
Сообраќајот на регионалниот пат Р-2232 кај м.в Глобица атар на с. Ратавица поради свлечување на брегот и на поголем дел од коловозот во ширина сообраќајот е во прекин, локалниот пат с. Ратавица према с. Бунеш е во прекин поради поткопување на патот и рушење на мостот на река Злетовица.
Сообраќајот е во прекин и на патниот правец с. Горни Подлог - с. Мојанци поради излевање на река Масалница и патниот правец према с. Кучичино поради излевање на реката Брегалница.
Регионален пат Крушево - с. Пуста Река не е прооден поради тоа што екипа на Македонија пат не е помината. Чистењето на тој патен правец е во текот на денот.
Прекин на сообраќајот има на следните патни правци: регионален патен правец с. Мало Коњари - с. Кадино Село како и ПРСМВ Прилеп -Кривогаштани на м.в Бегова Ливада има премногу вода, но не е во прекин.
Сообраќајот на пат. правци Кочани – Зрновци и Трботивиште - Разловци е во прекин поради попуштање на мостовите на р. Брегалница.
Поради оштетување на средниот столб на мостот на река Пчиња, на патниот правец Р2136 Ржаничино – Д. Коњаре има забрана за движење на тешки товарни возила над 7,5 тона и автобуси.
Забраната за движење поради свлечиште кај с. Ратавица, на патот Киселица - Злетово во општина Пробиштип е се уште во тек.
Поради надојдените води од реката Крива Лакавица во прекин се патните правци кон с. Степанци и с. Суво Грло.
На патниот правец Виница – Берово на 11-от и 12-от километар на две места во должина од по 20 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента поради поплава. На местата е поставена соодветна сигнализација од страна на ЈП Македонија пат.
Регионалниот патен правец с. Новаци – Рибарци – Гнеотино - Брод, како и патот од с. Кременица до с. Гремијан се под вода и на истиот има поголеми оштетувања.
На патниот правец Делчево – Македонска Каменица на 14-тиот и на 27-миот километар во должина од 200 метри сообраќајот се одвива по една коловозна лента.
Мостот на реката во с. Гремијан е пред уривање.
На патниот правец Р1306 Прилеп – Кривогаштани - Крушево на поради излевање на одводните канали на коловозот има вода во висина од 20см. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.
Штетата на мостот на патниот правец Радовиш – Штип е санирана и сообраќајот се одвива наизменично, по една коловозна лента.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива по влажни коловози, на повисоките места со остатоци од кашест снег. Врнежи од снег со слаб интензитет се бележат во Крива Паланка, Страцин, Делчево и Кула.
АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, каде е можна почеста појава на одрони.
Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за Трговската Индустриска Развојна Зона Прилеп (надвор од зона), од 03.02.2015 год. ќе се започне со геодестко снимање на патниот правец Прилеп - Битола (во близина на бензинска станица Макпетрол) и истите се очекува да траат 3 дена (до 05.02.2015). Работите ќе се изведуваат во временски период од 08:00 до 18:00 часот.
Од ГЕИНГ известуваат дека за потребите за изработка на проектна документација за рехабилитација на државен пат А-3, делница Превалец (Кочани) – Делчево, од 12.01.2015 год. започнати се активности на патот, односно геодетско снимање и геотехнички истражни работи и истите се очекува да бидат со времетраење од 5 месеци (до 12.06.2015 год.). Работите се изведуваат во временски период од 06:00 до 19:00 часот.
На делот од патот од брана Маврово до раскрсницата за село Галичник продолжуваат градежните работи. Препорачуваме повнимателно возење поради присуство на механизација и работници, а при асфалтирање можни се повремени затворања на патот.
Поради изведување работи на пат (гребење на асфалт) на патниот правец Велес - Скопје (од Штипска клучка до тунелот Катланово) сообраќајот се одвива по една коловозна лента, за што е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.
На патниот правец А1 Гевгелија - Скопје од надвозникот кај клучка Велес до наплатната станица Отовица се изведуваат работи на мостовите, а сообраќајот по тие мостови се одвива по една сообраќајна лента.
Поради извршување на градежни активности на државниот пат А3, делница Велес – Кадрифаково, сообраќајот се одвива под времен режим на сообраќај, и тоа:
-од крајот на трета лента (депонија Велес) до с. Лозово,
- и од с. Лозово преку с. Сарамзалино до клучка Кадрифаково.
Учесниците во сообраќајот треба да се придржуваат на поставената хоризонтална и вертикална сигнализација се до завршување на градежните активности.
На сите овие патни правци за изведувањето на градежните работи има поставено соодветна патна и сообраќајна сигнализација.
На 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила,чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Потсетување за сите возачи на законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15 март.
Служба за помош и информации на пат (02) 15 555
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа