Доаѓа нов влажен бран - неделава многу дожд и снег

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Доцна попладне повторно ќе настапи зголемување на облачноста кое во ноќните часови ќе услови врнежи од дожд и снег. Преку ден ќе дува слаб, а во југозападните делови умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус пет до два, а дневната од три до 11 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе се искачи до седум степени.

Потоа следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб, а од среда повремено и засилен ветер од јужен правец. Нов поинтензивен влажен бран со врнежи од дожд се очекува во текот на ноќта во четврток кон петок и во петок претпладне.

 

 

Оцени ја веста

03.02.2015 - 09:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега