Со велосипеди околу Мавровско Езеро

Во Маврово денеска ќе се одржи велосипедска и пешачка тура „Тура Маврово 2013“. Покрај рекреативната тура околу езерото ќе се организира и професионален маратон и полумаратон, како и дополнителни активности.

Ќе биде организирана лотарија со многу интересни награди, како што се велосипед, викенди за двајца, ручек за двајца во дел од Мавровските ресторани, годишна риболовна дозвола... Сите ќе можат да учествуваат во лотаријата со купување на посебно дизајнираната маичка или купоните за лотарија. Секој што ќе ја носи маичката Маврово тура 2013 ќе има слободен влез во пештерата Шаркова дупка и жичарницата.

Пазарот што ќе биде поставен на Плоштадот Маврово ќе биде отворен во текот на целиот ден за сите што ќе сакаат да купат некој сувенир или домашно приготвена храна. Доколку сте од регионот на Маврово и би сакале да продавате домашно изработени производи ве молиме да контактирате со организаторите. 

Маврово турата беше за прв пат организирана во 2009 година, како иницијатива на Амбасадата на Кралството Холандија, Општината Маврово и Ростуше и Националниот парк Маврово. Целта на оваа тура е да се промовира велосипедизмот, здравиот начин на живот и туризмот во регионот на Маврово. Сите хотели околу Мавровското езеро и Велосипедската федерација на Македонија ја поддржаа оваа иницијатива. 

ФОТО: wikimedia

најчитано сега