СОРОС објави „експлицитни содржини 18+ домашно видео“

Медиумите под контрола на опозицијата даваат се од себе да го реалтивизираат скандалот кој изби откако протекоа во јавност видеата на кои јасно се гледа како опозицискиот лидер Зоран Заев признава дека соработувал со странски тајни служби. 
За да привлече поголемо влијание, Бранко Героски објави колумна на својот портал под наслов „ЕКСПЛИЦИТНИ СОДРЖИНИ +18 Груевски и Заев во домашно видео! “
Во неа тој само ги повторува ставовите кој СДСМ ги изнесе во соопштението пишувајќи дека снимањето било незаконско.

„Ова ли е доказот за инволвираноста на Заев во аферата „Пуч“? Кажал ли Заев за која „странска разузнавачка служба“ станува збор? Објаснил ли од кого и како ги добил „бомбите“ против Груевски? Го има ли тоа некаде снимено (со малку подобар квалитет, по можност), или уверливо документирано на друг начин? Ова ли е доволно јавниот обвинител да покрене обвинение?!“ - пишува Геровски.

Либертас пишува дека видеото е скандалозно, повикувајќи се на изјавата на СДСМ.

Со сличен текст излезе и НОВА Тв. Порталот пишува дека Груевски направил кривично дело

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 23:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега