Јанакиески: Утре започнува голема акција за санирање на поплавите во Пелагониско

Утре од сабајле во 7 часот започнува голема акција во Пелагонија во која ќе се вклучат над 150 војници и луѓе од јавните претрпијатија, информираше вечерва министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески.

Со 10.000 вреќи со песок ќе се подигнува насипот на две критични точки на река Црна и тоа во населените места Лознани и Царлија. Ова е договорено на вечершниот состанок на координативното тело што се оддржа во Битола.

-Ова се прави со цел да се заштитат населените места долж течението на река Црна. Исто така договорено е преставници од јавни здравствени установи да вршат секојдневни контроли во поплавените подрачја, заклучок е да се забрани водата за пиење во овие населени места и да се дитрибуира техничка вода плус флаширана вода за пиење. Дополнително ќе се прават проценки за дезинсекција и дезинфекција на подрачјата. Од утре во сите поплавени подрачја ке се дистрибуираат флаери за да се информираат граѓаните со цел да не се појават заразни болести. Во целата акција ќе се вклучи и црвен крст и сите други надлежни институции, заклучок од Координативното тело.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 21:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега