ОБЈАВУВАМЕ: Што точно Заев му кажа на Груевски

Видеата кои пред малку ги објави ТВ Сител покажуваат како лидерот на СДСМ во премиерскиот кабинет му се заканува на премиерот Никола Груевски со снимки кои ги изработиле странски служби. Видео материјалите се достапни на сервисот youtube.

На видеото може да се слушне дека Груевски го прашува Заев од каде му се материјалите, а лидерот на СДСМ одговара дека му се од странски служби, со што целосно излегува на виделина вистината за изворот на материјалите на Заев.

Пред само два дена Заев на прес-конференција го тврдеше спротивното, дека материјалите кои ги поседува се домашни, но оваа снимка директно го демантира тоа. Заев во саботата тврдеше дека “нема никакви странски служби и дека доказите се добиени од чесни граѓани и службите на Груевски, кои вистински се грижат за иднината на Македонија“. Сепак, вистината е поинаква, Заев е фатен на дело како ја манипулира јавноста.

Откако МВР ги објави деталите за акцијата Пуч, во своето јавно обраќање Груевски рече дека од Заев добил информација дека од странска разузнавачка служба добил снимени компромитирачки телефонски разговори на највисоки државни функционери, на новинари и на други политичари. Оваа снимка го потврдува тоа.  

Груевски: Ти ми викаш странци ти ги дале?

Заев: Странци де....странци.

Груевски: Странска служба?

Заев: Странска служба...што не е од соседството нормално...подалечно...странска служба.

Груевски: Добро...Ти се виде повише пати со нив, се увери дека е така?

Заев: Да, да се уверив...

Заев: И го знам од каде го е, и го знам за која потреба е снимено, и го знам...значи прво јас не можам мене да се снимам, јас не можам да контролирам.

Груевски: Чекај сега, ти викаш дека не си ти снимал, и дека ти го дале? Странци ти го дале?

Заев: Така де

Груевски: Странци ти го дале...Странци може да имаат разни цели и мотиви...Или некој од нив да снима така? Тоа знаеш дека може, техника, технологија има

Заев: Има варијанти... Може, така, така!

 

 

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 20:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега