МОН иницира средба за високото образование на 10 февруари

Министерството за образование и наука, кое го прифати предлогот на Сенатот на УКИМ за расправа од која ќе произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование, иницира средба идниот вторник (10 февруари) на која би присуствувале соодветни претставници, делегирани од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј" - Скопје.

Универзитетскиот сенат на Скопскиот универзитет во петокот на седница донесе одлука да му предложи на Министерството за образование и наука да се иницира сеопфатна расправа со наставниците, студентите и сите релевантни чинители во процесот на високото образование, од која ќе произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование. 

-  Имајќи во предвид дека предлогот од наша страна беше оценет како конструктивен и во насока на унапредување на високото образование во земјата, Министерството за образование и наука на ден 10.2.2015 година (вторник) предлага да се одржи иницијална средба на која би присуствувале соодветни претставници, делегирани од страна на УКИМ, соопшти МОН. 

Министерството посочува дека доколку УКИМ ја прифати иницијативата и согласно со можностите на двете страни, локацијата и временскиот термин на средбата ќе бидат дополнително прецизирани.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 18:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега