ФОТО: Голем интерес за аудициите на Х Фактор 2 во Скопје

 

Со двете аудиции кои се одржуваат денеска (02.02) и утре (03.02) во Синеплекс во Сити Мол, официјално започна Х Фактор манијата на Балканот.

Скопје е местото од каде тргна караванот и сето тоа благодарение на победата на Даниел Кајмакоски, кој е првиот победник на балканската верзија на ова светско популарно шоу. Неговата победа и решителност им послужи на многу млади таленти да веруваат дека имаат шанса да стигнат до врвот, со скромноста како најголем пријател. Затоа Синеплекс денеска беше преполн со стотици кандидати, сите со таа иста надеж дека во себе го носат тој Х Фактор.

Многу надеж во очите на сите пријавени кои внимателно ги слушаа инструкциите на организаторите на шоуто, позитивна енергија и секако пеење од сите страни. Засега кандидатите се претставуваат пред членовите на продукцијата, а оние кои ќе го поминат овој круг одат понатаму со аудициите пред публика и пред стручното четиричлено жири, кое се уште не е познато.

Бројките велат дека досега има над 1500 пријавени кандидати од Македонија, а шанса ќе добијат и сите оние кои досега не успеале да се пријават, бидејки пријави ќе се пополнуваат и на лице место.

Аудициите од среда продолжуваат низ Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, а годинава за прв пат регионална ѕвезда ќе се бара и во Хрватска. Втората сезона на Х-фактор ќе започне да се емитува кон средината на март, а Сител телевизија и оваа година е дел од продукцијата.

Од она што нашата екипа можеше да го забележи на лице место, бидејќи не беше дозволен влез на самите аудиции, нашите кандидати повторно ќе бидат вистински кошмар за оние од другите земји. Им посакуваме многу среќа и зошто да не ја донесеме повторно победата на нашите простори.

ЦЕЛАТА ФОТОГАЛЕРИЈА ОД АУДИЦИИТЕ НА Х ФАКТОР ВО СКОПЈЕ, ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ТУКА

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 17:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега