Спасен орангутан: Заплакал откако го извадиле од кафезот (ВИДЕО)

 

Бебе орангутан по име Бади е пронајден буквално пред умирање.

Неговиот сопственик цела година од неговото раѓање го чувал затворен во мал кафез за кокошки и го хранел само со конзервирано млеко, од што здравјето му е сериозно нарушено.

Кога го нашле, Бади бил болен, гладен и преплашен, а поради пореметувањето на коските кои му се лошо развиени поради кафезот, буквално не можел да се помрдне. 

Ниедно животно не смее да осети такво патење и болка како што тоа го осетил Бади. Ова мачење траело со месеци, а притоа цело време бил осамен во тој мал кафез. Ниту еднаш не му била дадена цврста храна освен млекото. На крај самите сопственици се решиле да ни го дадат овој мал орангутан кој тие го “чувале“. Во моментот кога ветеринарите го извадиле малото мајмунче од кафезот, очите му се насолзиле.“ - изјавил Алан Најт, директорот на оваа организација.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега