Американците се побезбедни откако е Обама на власт

 

Американскиот претседател Барак Обама изјави денеска дека Американците се побезбедни откако тој во 2009 година дошол на власт, отфрлувајќи ги со тоа критиките на сметка на надворешната политика, која ја води неговата администрација. 

Обама во интервју за американската ТВ станица Ен-Би-Си нагласи дека САД биле мошне успешни во спречувањето на поголеми терористички напади од тие на 11 септември 2001 година. 

Американскиот претседател изрази загриженост поради крахот на редот и мирот на Блискиот Исток и некои подрачја во северна Африка, но додаде дека е важно да се има на ум колку Американците всушност загинале изминатата деценија. 

Тој истакна дека борбата против ектремизмот никогаш не е завршена и оти стратегиите против тероризмот мораат постојано да се прилагодуваат на константните промени, кои ги вршат терористите.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега