Крвава завршница на семејна кавга во Гостивар - МВР засега приведе шест лица

Полицијата привела шест лица кои учествувале во тепачка која настанала на улицата „Балиндолска“ во Гостивар. Четири се повикани на разговор, а во меѓувреме се бараат уште неколкумина учесници. 

Од СВР Тетово проверуваат дали меѓу учесниците имало и полициски службеници. Според информациите со кои располага полицијата е дека настанот бил пријавен во 14 часот, по што на местото биле затекнати десетина лица, а биле најдени и бејзбол палки. Едно лице во меѓувреме побарало медицинска помош поради болки во главата, а останатите немале потешки повреди.

Повод за тепачката се повеќегодишни недоразбирања на две семејства, кои кулминирале со меѓусебна нетрпеливост. 

најчитано сега