Македонците од Германија ги осудија постапките на Заев

Македонската дијаспора не може да поверува, до каде се спремни да одат некои политичари од опозицијата на чело со Зоран Заев и СДСМ, велат Македонците од Германија.

Ние како дел од Македонскиот народ кој живее во Европа, не можеме да прифатиме вакво однесување и дејствување. Тоа, господо од СДСМ, никако не може да бидат Европски норми во политиката. Чувствуваме потреба и одговорносткако дијаспора и мораме да Ви укажеме, загрозувајќи го уставниот поредок, не победувате во политичка битка, туку правите нешто досега невидено и непознато и за Македонија и за современа Европа. Да остварувате соработки со странски разузнавачки служби, да го поткопувате Уставниот поредок и да одите спротивно на вољата на граѓаните, немате оправдување. Далеку е тоа од Европските вредности, се вели во соопштението од Македонско- германско културно друштво „Македонија“- Берлин.

Сведоци сме сите ние, велат, како во последните месеци, од страна на партиите кои го бојкотираат Собранието на Република Македонија, на чело со СДСМ, се најавуваат разни бомби кои што треба да експлодираат.

-Наместо програма, наместо eвропска иднина, ние чекаме бомби. СДСМ ни нуди бомби. Наспроти ова, гледаме како ВМРО ДПМНЕ, на бомбите одговара. Одговара со реформи, со изградби на објекти, на спортски сали, на патишта. Одговара со eкономски активности насекаде во светот. Одговара со почитување на граѓаните во Македонија и на Македонците насекаде во светот. Каква спротивност. СДСМ секојдневно ни нуди бомби, а ВМРО ДПМНЕ достоинсво, реформи,инвестиции. Но, за СДСМ се тоа е ново и непознато. СДСМ имаше многупати шанса да го направи истото, но, Вие во СДСМ, немате слух, се исмејувате, не сакате да разберете дека граѓаните бомби не сакаат, сакаат во Европа. Гордо и достоинствено во Европа. Неможејки да се пробиете на политичката сцена во Македонија, немајќи визија, немајќи програма, посегнавте во поткопување на постоењето на Македонија. Нема веќе дилеми, нема нејаснотии. Сега сите знаеме кои сте. Посегнавте во соработка со странски платеници, во таа пуста желба за власт. Сакате главите да ги наведнеме ...Сакате да ги погазите Илинденците, Асномците...Нема да успеете. Тие се македонска гордост, стои во реакцијата од Македонците во Германија.

Ние како дијаспора, се додава во соопштението, Ви порачуваме, немојте, немојте не си играјте со Македонија. СДСМ, оставете ги бомбите и вратете се во Собранието, каде што Ви е местото. Изразете основно почитување кон гласачите кои ве избрале. Штетата што ја правите не е само на Зоран Заев и на СДСМ, штетата е на Македонија. Угледот на татковината го рушите во очите на Европа и на светот. Оставете ги странските платеници и служби и конечно фатете се за работа и малку посветете се на народот и на државата. Македонскиот народ никогаш нема да ви дозволи тргување со Македонија.

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега