Латас: Очајот го натерал Заев да го направи ова

Телефонски разговори не се кривично дело , во судска или која било друга аналитичка постапка многу варијабилен и лабилен материјал е телефонскиот разговор. Денес веќе и децата кои се занимаваат со техника монтираат видео материјали, а камо ли телефонски разговори или графички материјали, документи, вели Драган Павловиќ-Латас во дебатната емисија „Акцент“.

-Само врни експерти на суд утврдуваат кој видео материјал е верен на оригинал, која фотографија или кој документ. И сега што го натерало Заев за да го направи тоа што го направил. Очај! Значи тој слабо стои во партијата, слабо стои кај дипломатскиот кор во меѓународната јавност, слабо стои на пазарот бидејќи гласови нема , бидејќи губи цело време. Бомбата повеќе служеше за консолидација на неговата положба и неговата функција во самата партија. Ние барем знаеме дека тој не стои добро со Црвенковски, ние знаеме дека има силна опозиција во самата партија која со тие докумети ја плаши . Јас знам најмалку два случаи за еден пратеник и еден кандидат за пратеник од онаа листа доколку овие триесетина се повлечат па доаѓаат, на кои им е предочено да не си играат бидејќи има материјали и за нив. Значи тие материјали во внатрепартиска борба се веќе употребувани, вели Латас.

Тој додава дека во внатрепартиски разговори Заев многу комфорно раскажувал што има во тие материјали и разговори, од приватни до љубовни и деловни.

 

-Тој со години се жели кај неговите дека жив зијан му била функцијата, дека неговото семејство е луто на него бидејќи ништо не донел со функцијата, а се плаќал од свој џеб, работата на партијата, значи он си ја купил функцијата не ја добил бидејќи никој друг не бил спремен да пружи свои пари да ги покрие трошоците на партиското работење, смета Латас.  

 

 

Оцени ја веста

02.02.2015 - 10:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега