Вработувања на 1600 лица од најзагрозените социјални категории
Денеска во 12:30 часот, во Домот на Армијата во Скопје почна форум во организација на ВМРО-ДПМНЕ на тема:“Вработувања на 1600 лица од најзагрозените социјални категории“.
-Учесници на Форумот ќе бидат министерот за труд и социјална политика Диме Спасов, Светлана јакимовска, пратеник во македонското Собрание, директорот на ЈП Македонски Шуми, Жарко Караџоски, директорот на АВРМ Влатко Поповски, и Весна Петрова, претставник на здружението на самохрани родители “Надеж “.