Заев се збуни и сам се фати во лага

Лидерот на СДСМ Зоран Заев на денешната прес-конференција се демантираше самиот. Очигледно Заев остана изненаден од објавата дека преку шпионирање и насилство спрема претставници на највисоките државни органи се обидува да го постигне она што на изборите не успеа, а членството го очекува од него.

Премиерот Никола Груевски денес истакна дека лидерот на опозициската СДСМ во четирите средби со него му се заканувал со компромитирачки материјали, барајќи од премиерот да прифати техничка Влада и да бидат распишани нови избори. 

Токму за овие средби пред неколку дека објави Фокус, но пишувањата на медиумот експресно беа демантирани од Заев преку проопозициските медиуми. Во изјава за Либертас на 23-ти месецов претседателот на СДСМ демантираше дека остварил тајни средби со премиерот Груевски. 

Но, Заев очигледно заборавил што кажал пред една недела, па на денес одржаната прес конференција го изјави спротивното, одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали тој остварил тајни средби со премиерот. Заев, за разлика од тврдењето пред само неколку дена, сега не демантираше дека остварил средби со премиерот Груевски. 

-Сите работи кои што СДСМ ги обелодени во јавноста во функција на непризнавање на изборниот процес се познати. Точно е дека постоеле обиди за да се убрза процесот на оваа ситуација која е недозволива, истакна денес Заев од партиската говорница.

По ваквите спротивни изјави од една личност во краток временски период за иста тема, останува отворено прашањето колку на овој човек може да му се верува во она што јавно го искажува како лидер на најголемата опозициска партија во земјава.

 

 

 

 

Оцени ја веста

31.01.2015 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега