Голема експлозија во фабриката за оружје во Самоков пред Македонски Брод
Попладнево, околу 16:50 часот, во магацинот на Сумбро Треијд дооел, поранешен „Сувенир“ во Самоков, се случи експлозија на сув барут, јавија од Дирекцијата за заштита и спасување.
Во настаната експлозија нема повредени лица, а е настаната материјална штета која дополнително ќе се утврдува.
По првата експлозија набрзо настанале и две помали и поврзани експлозии. Веднаш се известени вработените на подрачното одделение на Дирекцијата за зашита и спасување кои се на терен со противпожарните единици од Свети Николе. Извесетена е полицијата која испратила екипа од крим техника. На самото место има сама мал чад од догорување, но поради специфичноста на магацинот може да се случати дополнителни експлозии во понатамошниот период, и заради тоа не може да се пријде на самото место на експлозијата, ќе се чека соодветен период кога ќе може да се интервенира.
Вработените од подрачното одделение на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со противпожарните екипи и полицијата ќе останат на лице место да ја обезбедат локацијата до понатамошна интервенција.