Училишен проект - Oтворени денови на ЕВН Македонија
Почнаа да се реализираат „ Отворените денови “ кои што ЕВН Македонија ги организира во рамките на Училишниот проект 2013. Учениците, наставниците, родителите и претставници на локалната самоуправа се дел од отворените денови каде општинските енергетски менаџери ги презентираат енергетските проекти, а учениците презентираат што научиле и направиле во текот на целата учебна година во рамки на енергетските секции.
Отворените денови стартуваа од ОУ „Никола Карев“ во Крушево и битолските ОУ „Стив Наумов“ и „Гоце Делчев“. Наредните два дена ќе продолжат во ОУ „Св. Стив Наумов“ во Пештани и „Исмаиил Ќемали“ во Гостивар.
Преку едукација, квиз натпревари и ликовни и поетски конкурси учениците во основните училишта од десет до дванаесет-годишна возраст го зголемуваат знаењето за електрична енергија и безбедносните мерки при нејзиното користење. Учат за различните видови и извори на енергија и за потребите и начините на штедење на електрична енергија. Стекнатото знаење го пренесуваат на своите родители, соученици и целата локална заедница.
Проектот се спроведува веќе шест години во сите основни училишта во сите општини во Македонија, а едукативниот процес го минале над 35 000 ученици. Во последните две години основани се енергетски секции во 30 училишта каде децата посетуваат континуирана настава за разумно и безбедно користење на електричната енергија.