Предигра што никогаш нема да ја заборави- еве како да го направите тоа
Дами, дали сакате да му пружите на партнерот предигра што нема да ја заборави никогаш? Еве како да го направите тоа.
Ако мислите дека предиграта не е важна, тогаш се лажете. Сексолозите истакнуваат дека токму предиграта одредува дали сексот ќе оди во добра или во лоша насока. А како да изведете одлична предигра? Еве неколку совети:
Нека биде слатко…
Предиграта буквално може да биде слатка? Како? Наредете му да легне, а потоа врзете му ги рацете за кревет. Земете шлаг и намачкајте го неговото тело. Почнете полека да го лижете, а стратешки најважното место оставете го за крај. Без оглед на тоа колку ќе ве моли да почне акцијата, не прифаќајте веднаш. Оставете го некое време да се мачи, а потоа заедно впуштете се во жесток секс.
Залулајте со колковите
Пуштете ја неговата омилена музика. Пријдете му како секси филмска дива, а потоа предложете му да заигра со нас. Доближете се до неговото тело, цврсто прегрнете го и препуштете се на секси танц. Повеќето мажи велат дека не сакаат да играат, но верувајте дека овој танц ниту еден нема да го одбие.
Малку е многу
Предиграта не мора нужно да почне во спалната соба. Напротив! Договорете се еден ден да дојдете по него на работа. Во таа прилика облечете само мантил и ништо под него. Високите потпетици, секако, дека се задолжителни. Кога ќе влезе во автомобил, оставете мантилот дискретно да се отвори, а притоа да не ги покажете градите и меѓуножјето. Кога ќе сфати што имате на ум, може да застанете некаде по пат. Доколку немате автомобил ништо страшно. Сето ова направете го кога ќе ве викне кај него.
Секси облека и потпетици
Мажите обожаваат да гледаат женски нозе во штикли. Зошто таа глетка да не му ја пружите во спалната соба? Облечете секси долна облека и високи чорапи со високи потпетици. Фрлете го на кревет, а вие седнете пред него. Префрлајте ги нозете една преку друга и дозволете му што подобро да ве види. Не му дозволувајте да ве допира се додека вие не одлучите дека е време за акција.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа