Кога ќе планирам да правам деца ќе ви се јавам- се огласи пејачот по веста за бременоста на ќерката на Змијанац
По објавените вести дека Николија Јовановиќ, ќерката на познатата Весна Змијанац и Реља Поповиќ ќе станат родители, се огласи пејачот на Елитни Одреди.
Ќерката на Весна Змијанац, Николија Јовановиќ се уште не се огласила по повод пишувањето на медиумите за бременоста, меѓутоа тоа го направи Реља, па за медиумите објасни дека се уште не планира да стане татко.
-Јас кога ќе планирам да станам татко, ќе ви кажам. Ја објавивте таа вест и што можам сега да направам. Како да ви објаснам, не планирам да се занимавам кој што пишува, тоа дали е точно, ние ќе се огласевме. Јас за приватниот живот не зборувам, а кога ќе планирам да правам деца, ќе ви се јавам на сите да се радуваме заедно, прокоментирал Реља.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа