Штабот за заштита на Ѓорче Петров на готовс
Ставање во готовност на сите расположиви средства со кои располага општината, информирање на месните и урбаните заедници за најавеното невреме и да се следат речните корита на реките Лепенец и Вардар, се насоките кои ги утврдила Општина Ѓорче Петров на денешната вонредна седница на Штабот за заштита и спасување при Општината одржана по најавата на УХМР за нов бран од врнежи, викендов.
На состанокот со кој раководеше градоначалникот Сокол Митровски а на кој учествуваа и преставници од МВР-ПС од ОН Ѓорче Петров, ЦУК- Карпош, и подрачното одделение за заштита и спасување-Карпош Општината достави и барање до јавните претпријатија, односно до Дирекцијата за заштита и спасување за снабдување со црпни пумпи, лопати и вреќи со песок.
- Апелираме до граѓаните да бидат подготвени за евентуални поплавувања на своите домови, посебно во подрумските простории , а сите загрозени ќе може да се обратат на бесплатниот број 195 на ЦУК, истакна Митровски.
Како што се наведува во соопштението, Општината ќе биде во постојана комуникација и координација со надлежните институции со цел да се избегнат несакани последици.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа