ФОТО: Некогаш актерка во еротски филмови, сега прави парче во турските серии

 

Турската актерка Небахат Џехре (71) на нашата публика и е најпозната по улогата на мајката на Сулејман Величенствениот во истоимената серија.

– Рано останав без татко и бев многу срамежлива, повлечена, би можела да кажам дека бев исплашено девојче – рекла актерката.

Таткото адвокат на грузиско потекло Изет Џехре го памети по прекрасните приказни, но за жал, починал кога актерката имала само четири години. Со мајката по смртта на татка си се преселила во Истанбул и тешко го поднела нејзиниот нов брак. Пораснала со братот Орхан и со двајцата полубраќа, Наил и Тајар Јилдиз.

Во светот на шоубизнисот влегла на 21 година, и тоа на натпреварот за Мис на Турција на кој победила. Тој натпревар и ја донел неопходната самодоверба.

– Дотогаш воопшто не се сметав ниту за убава, ниту за привлечна. Таа победа ме шокираше во позитивна смисла – рекла таа.

Победата на овој избор и ја отворила вратата на филмската и ТВ индустријата. На филмот и телевизијата имала многу успеси, но во љубовта доживувала само неуспеси, зад себе има два брака.

Како еден од најтешките моменти во животот на актерката бил обидот за самоубиство. Небахат не раскажува многу за својот приватен живот, но прекрасниот изглед не може да се „скрие“. Покрај генот за нејзината убавина и заводливост во 71-та година заслужни се и правилната исхрана и редовното тренирање. Небахат Џехре е вистинска дива во Турција.

 

Но, постои и една дамка во нејзината кариера поврзана за почетоците, а тоа е дека актерската кариера ја започнала со снимање на еротски филмови.

– Пазарот беше голем, но и актерки имаше многу. Потекнувам од сиромашно семејство и ниту една работа не ми паѓаше тешко, а затоа што до ѕвездите секогаш се стигнува преку трња, па така и јас до сериозни улоги стигнав преку еротските филмови – изјавила Небахат.

Небахат по победата на изборот за мис на Турција, добила понуда да игра во еден еротски филм, која таа на изненадување на нејзиното семејство, без размислување ја прифатила.

– Иако Турција важи за конзервативна земја, не можам да кажам дека ми беше пријатно, и тоа најмногу поради семејството, но ги победив предрасудите и се она што го постигнав денес говори дека бев во право – рекла Небахат.

 

Снимила 15-тина еротски филмови, а после тоа конечно почнале да стигнуваат сериозни улоги.

 

 

Оцени ја веста

29.01.2015 - 12:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега