Пробав “вијагра за мозокот”- еднаш и никогаш повеќе
Ерин Фукс, новинарка на Бизнис Инсајдер и генерално поспана личност, решава да проба нов лек за “зголемена будност”. Еве како поминала.
Пред неколку недели учествував во испитување на ноќното спиење во обид да откријам зошто сум толку изморена дури и откако ќе отспијам осум до девет саати. Шансите се дека или имам идиопатска хиперсомнија (буквално да не можеш да се наспиеш доволно за да се чувствуваш одморен) или сум “долг спијач” (личност на која и требаат 10-11 часа сон).
Без разлика на причината, докторот ми кажа дека поспаноста би можела да ја излечам со лек за поттикнување на будноста наречен Нувигил. Ми го опиша како помалку напната верзиа на стимулансите кои ги земаат луѓе со синдромот на недостиг на внимание и хиперактивност со цел да се фокусираат.
– Нувигилот може да те направи малку треперлива, ме предупреди докторот. Ова ме направи скептична, но си помислив и дека можеби ќе се претворам во машина за продуктивност – леков популарно го викаат “вијагра за мозокот”. Си замислив состојба во која како никогаш досега сум сконцентрирана.
Во понеделникот, конечно кркнав Нувигил околу шест наутро. Имав немирна ноќ и малку будност ќе ми дојдеше добро. Тргнав на утринско вежбање и почувстував како се полнам со енергија. Ова беше дрмање многу појако од шолјата кафе.
Обично, накај 6:45 инструкторот почнува да ми се развикува дека паѓам во летаргија и да ги забрзам вежбите. Не и овој понеделник. Бев турбо, кревајќи потешки тегови и побрзо од вообичаено. Тргнав накај дома за да го прошетам кучето и завршив во спринт низ населбата со него. Расположението ми беше неверојатно покачено.
Пешачев една милја до работа многу побрзо од обично и трчав по скалите до осмиот кат за да му кажам на еден колега за една сторија што ја слушнав на радио. Потоа пратив ваква порака на друг колега:
“Никогаш не сум земала кокаин, но во мојот ум чувството е вакво… ЈАС СУМ НА ВРВОТ ОД СВЕТОТ.”
Ентузијазмот почна да ме загрижува, секако. Се плашев да не изгледам вака:
Колегата ме увери дека не сум таква, но почнав да забележувам некоја непријатна нервоза која можам да ја опишам како постојана, мала анксиозност. Рацете ми се тресеа малку и си го чувстувував срцето како ми чука во градите.
Нервозата почна да се намалува помалку попладнето. Околу еден тргнав до кујната по салата и сфатив дека немам нагон за дремка како обично
Се вратив на работата чувствувајќи се понапумпано од вообичаено. Кон крајот на денот, сепак, мојот шеф ми даде блага критика за работата и тоа ме исполни со гнев. Наеднаш му се развикав. Тоа не е мојата нормална реакција на благи критики.
Кога си отидов дома мојата вереница (која е доктор) ме нарече нејзиниот мал “гнево-бот” и ми посочи дека агресијата е можен несакан ефект од Нувигил. Се загрижив уште повеќе. Обично почнува да ми се спие околу девет и пол, но во 11 се уште бев будна, правев муабет и не ја оставав партнерката да спие. Морав да испијам две виски за да се олабавам. Ова може да стане маѓепсан круг, си помислив.
Утрето, се чувствував благо изморена и ако имав можност дефинитивно ќе отспиев преку ден, но решив повеќе да не земам Нувигил. Студиите покажле дека тоа е ефективен и добро толериран лек, најчестите несакани ефекти се гадење и главоболка. Но секој има различно искуство со лекови и, за мене, будноста доаѓа со цена која не сум подготвена да ја платам.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа