Жителите на Кисела Вода подготвени за опасноста од поплави

 

Општинскиот кризен штаб за заштита и спасување од природни непогоди, денес во просториите на општина Кисела Вода одржа координативен состанок.

На состанокот, на кој освен претставниците на општинската администрација, учествуваа и претставници од Регионалниот центар за управување со кризи, Полициската станица- Кисела Вода, Центарот за јавно здравје и Дирекцијата за заштита и спасување, се дискуираше околу превземање на конкретни превентивни мерки од поплави кои би можеле да настанат поради највената дестабилизација на временските услови.

Беа дефинирани критичните точки во општината и беше направен план за мобилизација на дежурни тимови кои ќе го следат водостојот на реките и нивото на акумулациите.

Договорена беше и меѓуинституционална соработка и ставање на готовност на сите расположиви ресурси, со цел подигнување на алармантноста со хидролошката состојба и брза реакција во случај евентуалните последиците од најавените интензивни врнежи од дожд, информираат од општина Кисела Вода.

 

 

Оцени ја веста

28.01.2015 - 17:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега