Аврамопулос: Скопје бележи значајно назадување

 Скопје забележа значајно назадување во периодот опфатен со пролетниот извештај на Европската комисија за Македонија, изјави денеска Димитрис Аврамопулос

- Тоа назадување во голем степен се должи на политичката криза, која почна во декември, минатата година. Има криза во функционирањето на демократските институции. Со други зборови, постои демократски дефицит, се вели во изјавата на Аврамопулос што ја објави грчкото МНР.

- Во врска со добрососедските односи, на сите ни е јасно дека проблемите продолжуваат и се влошија. Не треба и нема да има никакви отстапки од европските критериуми. Пораката на Европа треба да е јасна. Во спротивно, сигурно треба да очекуваме понатамошни негативни случувања. И тоа не е во интерес ниту на Европа, ниту на Грција, ниту, се разбира, на нашата соседна земја. Тоа е порака, која мора сите да ја сфатат, се вели во изјавата на Аврамопулос. 

ФОТО:Дневник

најчитано сега