Германските медиуми со директно предупредување до Ципрас

Германските медиуми предупредуваат дека победата на радикалната левица во Грција нема да ја стави Германија во дефанзива кога е во прашање огромниот грчки долг, јави дописникот на МИА од Берлин.

Најтиражниот германски и европски весник „Билд“ денеска порачува: „Извинете господине Ципрас, но работата отиде далеку“, нарекувајќи ја платформата на СИРИЗА опасна затоа што се обидува да ги врати назад реформите предводени од Германија која е најголем финансиер на грчката финансиска помош.

- Еврозоната не е коцкарска игра каде што секој може да игра како што сака, предупредува „Билд“ во текстот во кој се вели дека „договор е договор“ и тој мора да се почитува.

Во текстот објавен на своето интернет издание „Шпигел“ вели дека е можно победата на СИРИЗА да се претвори во „хорор сценарио“ и се додава дека овие избори можат да заминат во историјата како ден кога „Грците ја зеле судбината во своите раце“.

Сепак „Шпигел“ вели дека Ципрас заслужува шанса и прашува дали Грците навистина требаа да гласаат за партија која што ја натера земјата да клечи на колена, мислејќи на Нова Демократија на Самарас.

Конзервативниот „Франкфунтер Алгемајне Цајтунг“ победата на СИРИЗА ја нарече „резултат на длабока фрустрација“ на електоратот со мерките за штедење во неколкуте последни години. Вината делумно се бара и кај владеачката коалиција која што не презела соодветни акции за спас од кризата.

Германските весници без разлика колку се остри кон новиот грчки мандатар порачуваат дека иако предходно ветувал друго Ципрас сега мора да најде пари од финансиските пазари или од ЕУ. Тој ќе мора да избере меѓу компромис со „тројката“ или целосен банкрот, кој што ќе ја фрли неговата земја во амбис.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 13:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега