Вељаноски на Четвртиот меѓународен форум “Let My People Live!”

Во рамките на Четвртиот меѓународен форум "Let My People Live!" во Прага, Чешка Република, претседателот на Собранието на Република Македонија, г. Трајко Вељаноски учествуваше на тркалезната маса организирана за претседатели на парламенти со која претседаваше г. Мартин Шулц, претседател на Европскиот парламент. На оваа тркалезна маса учесниците разменија мислења и ставови на теми поврзани со улогата и одговорноста на политичарите и законодавните мерки во нивните демократски општества за борба против антисемитизмот, расизмот, нетолеранцијата и говорот на омраза.

На средбата претседателите на парламенти учесници на овој Меѓународен форум, ја разгледаа Декларацијата за борба против антисемитизмот и криминалот од омраза, предложена од претседателот на Домот на пратеници на Романија, г. Валериу Згонеа. Присутните се сложија дека треба да стане јасно дека антисемитизмот, како и сите други форми на криминал од омраза, се проблем за секое општество во кое е дозволено манифестирање на истите. Затоа за парламентите, владите, меѓународните организации и граѓанските општества императив е да усвојат  политика на „нула – толеранција" за овие појави.

Седумдесеттата комеморативна церемонија за Холокаустот заврши со минута молк, со пренос во живо од шест симболични локации и со откривање на посебен споменик во Терезин, Чешка Република, создаден од Алек Весели, познат чешки скулптор, во сеќавање на жртвите на Шоа.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега