"Ердоган Балканот е со тебе" - Турците од Балканот се собраа во Гостивар и го поддржаа турскиот премиер
Балканските Турци под паролата "Ердоган, не се наведнувај, Балканот е со тебе" одржаа собир во Гостивар за да му дадат поддршка на турскиот премиер. Покрај Турците од Македонија, меѓу кои беа лидерот на ДПТ Кенан Хасипи, и министерот без ресор Хади Незир, поддршка со свое присуство дадоа претставници и од околните земји. Собирот беше директно емитуван на националната телевизија ТРТ.
Со овој собир, организаторот, Форумот на младите на Демократската партија на Турците порачаа дека не се истомисленици со демонстрантите во Турција, на кои, како што беше речено, единствената цел им е да ја срушат власта на Ердоган.
- Секогаш ќе бидеме со лидерот, кој имаше разбирање, не само за проблемите на граѓаните во својата земја, туку и за сонародниците, осбено во Република Македонија, беше кажано од протестот спроти Ценатрот за култура АСНОМ.
Во пораката, која беше испратена од Гостивар и ја прочита Фуад Хаџи-Ејуп, претседателот на Форумот на млади, беше нагласено дека протестите во Турција кои беа мотивирани со настаните од Гези паркот на Таксим, не се мотивирани од внатре, туку се предизвикани од провокатори што сакаат да ја урнат власта во Република Турција. Гостивар е избран како место за протест, не само поради тоа што во градот живее турско население, туку и зашто турскиот премиер Ердоган во два наврата, кога ја посети Македонија беше во градот на средби со турските здруженија.