Страшно: Над 80% од лифтовите во Македонија се технички нисправни

Над 80 % од лифтовите во зградите се технички неисправни, а сепак најголем дел од нив се ставени во употреба. Повеќето од нив се стари и не можат да ги исполнат строгите стандарди. Кој ќе ја сноси одговорноста за неисправните лифтови не е прецизно дефинирано, поради што, компаниите управители бараат измени на законот. Тие велат дека според законот тие не се сопственици на лифтовите, а сепак од нив се очекува да ја сносат одговорноста.

 

- Според Законот за техничка инспекција, за да биде исправен, лифтот треба да има т.н. двонасочна комуникација (на оној што е внатре со лицата надвор), врати со заштита, „паник“ светла,... Ваквите перформанси се скапи за наши услови, чинат најмалку 2.500 до 5.000 евра и ретко кој од лифтовите ги исполнува, истакна претседателот на Групацијата Васе Самараков.

Од Групацијата велат дека тие редовно ги вршат месечните сервисирања, и ги информираат граѓаните кога е забранета употреба на лифтот, Но, во многу случаи граѓаните на своја рака ги вклучуваат лифтовите и ги користат и покрај забраната. Трошоците за целосно сервисирање се многу високи и нема кој да ги покрие.

Најголем дел од граѓаните пак,  сметаат дека лифтовите не се безбедни, и покрај тоа што тие редовно ги плаќаат сметките за лифт.

 

 

Казните кои следуваат за користење на технички неисправните лифтови се движат од 3 до 5000 евра за управителите, но според податоците досега никој не е казнет.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 12:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега