Утре Гевгелија ќе се спаси од досадните комарци
![](/sites/default/files/styles/large/public/201207rthtrhtr21-komarec-grtht5eyhr4.jpg?itok=q6-8HJOx)
Утре во период од 5 до 8 часот наутро ќе се изврши авиопрскање за заштита од комарци на подрачјето на Гевгелија.
Со авиопрскањето против комарци ќе бидат опфатени реоните на градот Гевгелија и населените места Богородица, Мрзенци, Негорци и Миравци.
Одгледувачите на пчели се предупредуваат за време на прскањето да преземат мерки за заштита на пчелите од помор, а на граѓаните им се препорачува прозорците и вратите од домовите да бидат затворени.
ФОТО: Факултети