Премиерот Груевски упати честитка по повод празникот Свети Сава

Премиерот Никола Груевски по повод празникот Свети Сава, упати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија.

- Дозволете ми во свое лично име и во името на Владата на Република Македонија, да Ви упатам срдечни честитки по повод празникот Свети Сава. Тој со своето дело оставил значајна трага во развојот и растот на српската заедница која со особено почитување и внимание го празнува овој ден, се вели во честитката.

Истовремено, се наведува во честитката, наша чест и задоволство е да го одбележиме и прославиме Денот на српската заедница во Република Македонија, заедница која е значаен дел од македонското мултиетничко општество која со својот ангажман и посветеност дава свој придонес во напорите за унапредување на економскиот, политичкиот, културниот живот во земјата, и влијае на општиот развој на земјата.

- Српската заедница претставува дел од нашето општество и со своите особености придонесува во зачувување на уникатноста на нашата држава и е активен учесник во процесите. Ви посакувам добро расположение во текот на оваа Светосавска недела, убава домашна атмосфера и добро здравје, среќа и успех на сите припадници на српската заедница во Република Македонија, стои во честитката. 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 10:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега