Студен бран над Македонија - какво време не очекува до крајот на јануари

Новата работна недела започна со релативно студено време. Но, и покрај заладувањето, температурниот максимум од понеделник до среда нема да има негативна вредност. Овие денови максималната температура низ поголем дел од населените места ќе има вредност околу 4°С, а на југоисток околу 7°С. 

Минималната температура во првите три дена од новата недела ќе биде нешто пониска во однос на викендот, со вредности околу -4°С низ котлините и околу -6°С на повисоките места.

Во поглед на временските услови, овие три дена ќе се задржи облачното време. Повремени врнежи се очечуваат во вторник, но сепак станува збор за релативно слаби врнежи. Низ котлините во западниот и северниот регион краткотрајно ќе „проврне“ релативно слаб снег.

Утрото во четврток ќе биде за нијанса постудено во однос на вторник и среда. Но, дневната температура ќе биде за околу 2°С повискока во однос на среда и ќе биде во дијапазонот од 4°С низ котлините низ северниот и западниот регион, и до 10°С во југоисточниот крај. 

Во четврток и петок се очекува променливо време, но со сончеви периоди и без врнежи.

 

Наредниот викенд ќе биде облачен и малку потопол во однос на четврток и петок. Се очекува нов бран на врнежи од дожд на пониските места и снег на планините.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 10:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега