Евроамбасадоерот Орав прими делегација од Друштвото на писателите

Амбасадорот на ЕУ во Република Македонија Аиво Орав прими делегација на Друштвото на писателите на Македонија (ДПМ), предводена од претседателот Веле Смилевски.

На средбата стана збор за соработката на ДПМ со писателите од соседството и регионот, како и за релациите на македонската писателска асоцијација со соодветните здруженија во земјите на Европската Унија. Беше констатирано дека забележлив е позитивен процес во преведувањето и афирмирањето на македонската литература во светот и дека тоа треба да биде поттик за проширување и интензивирање на соработката со користење и на евроските фондови за литература и култура.

Делегацијата на ДПМ на евроамбадасорот Орав му подари едиција  дела од истакнати македонски писатели објавени на англиски јазик.

Друштвото на писателите на Македонија од 2002 година е член на Европската писателска асоцијација. На 13 февруари ДПМ ќе го одбележи јубилејот 68 години од своето формирање. 

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 10:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега