Уапсени 26 полицајци за незаконски прислушувања

Турските власти издадоа наредба за апсење на 26 полицајци во рамки на операцијата против т.н. „паралелна структура“.

 

Обвинителството во Измир побарало спроведување на операција поради обвинение за незаконски прислушувања извршени од „паралелната структура“, како што турската Влада ја нарекува наводната мрежа од приврзаници на исламскиот проповедник Фетулах Ѓулен, вработени во државните структури, како на пример полицијата и судот, пренесе МИА.

 

Акцијата била спроведена во 11 градови во округот Измир. Според турските медиуми, биле уапсени 12 полициски службеници од вкупно 26, за кои е издадена наредба за притворање.

Весникот „Хуриет“ пишува дека полициската операција била најавена уште синоќа на социјалната мрежа Твитер од „Фуат Авни“, кој во последните месеци стана претпознатлив по неговите точни предвидувања за претстојни полициски операции.

 

- Изутрина ќе има операција во Измир, предупреди синоќа на својот профил непознатиот корисник на социјалната мрежа, за кого постои сомнеж дека може да е човек од внатрешните кругови на Владата

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега