ММФ подготвен да ги обнови преговорите со Грција

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да ги обнови преговорите со Грција и смета дека е потребно главно внимание да се посвети на структурните реформи, изјави генералниот директор на ММФ, Кристин Лагард во интервју за францускиот весник „Монд“.

 

- Пред се планираме да го обновиме дијалогот со грчките власти, а во делот на нивната програма за структурни измени да се забрзаат реформите во државниот сектор и даночниот систем, истакна Лагард.

 

 

Таа нагласи дека во случајот со Грција „не станува збор за мерки за штедење, туку за реформи“.

 

 

Оцени ја веста

27.01.2015 - 09:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега