Жерновски се сретна со чешкиот амбасадор Рамеж

 

Денеска,градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, во својот кабинет, го прими амбасадорот на Република Чешка во Скопје, Мирослав Рамеж.

На средбата се разговарало за унапредување на односите со единиците на локалната самоуправа од двете држави и за збратимување и поблиски контакти на општина Центар со општини во Чешка.

Амбасадорот Рамеж од градоначалникот Жерновски  побарал подостоинствен изглед на спомен обележјето кое е поставено на местото каде што  живеел првоборецот Роберт Гајдиќ Славко, роден во 1923  година во ЧССР. Жерновски ветил дека ќе направи се што е во надлежност и можност на општината за да биде ова местосогласно на големината на ликот и делото наГајдиќ.

најчитано сега