Чешкиот премиер не се повлекува од функцијата

 

 Чешкиот премиер Петр Нечас нема да се повлече од функцијата и покрај јавниот повик на опозицијата да поднесе оставка поради полициската рација во седиштето на Владата и притворањето на неговата најблиска соработничка Јана Нагиова, јави дописникот на МИА од Прага.

- Апсењето на двајца генерали на таков театрален начин е фатална штета за Чешка и тоа е ликвидација на врвот на една тајна служба и полицијата требаше да постапи поинаку, рече премиерот.

-Тоа е комбинација на недоразбирање и службена подготвеност, рече кратко во врска со наводното следење на неговото семејство, објаснувајќи го како потреба бидејќи немале лично обезбедување.
Сепак, јавниот обвинител Иво Иштван, на новинарско прашање потврди дека една од проверуваните варијанти е и таа дека Нечас наводно знаел за сите незаконски активности на блиската соработничка Нагиова. 
Претседателот на најголемата опозициска, Социјалдемократска партија (ЧССД), го повика Нечас да поднесе оставка и даго поддржи предлогот за аспуштање на Парламентот и прогласување на вонредни избори.

најчитано сега