Осмооделенците добија оценка 3,54 на екстерното тестирање

 

Осмоодделенците денеска ги добија резултатите од екстерното оценување. Тие на тестирањето имаат просечна оценка 3,53.

Полуматурантите денеска ги дознаа своите резултати бидејќи до 24. јуни треба да ги комплетираат документите за запишување во средните училишта. Останатите основци и средношколци оценките ќе ги добијат од понеделник.

 Министерот за образование и наука Спиро Ристовски е задоволен од тестирањето во оваа фаза.

 Во втората испитна сесија, од 17-ти до 21 јуни, екстерно ќе бидат тестирани околку 15.000 ученици, кои од оправдани причини не беа на првата сесија (27 мај-8 јуни), но и мал процент деца кои имале проблеми во полагањето поради технички пропусти во системот.

 Ристовски посочи дека не се работи за повторно полагање, туку за поддршка на децата кои имале технички проблеми на првото полагање. Нагласи дека ученикот ќе биде тестиран по истиот предмет како и на првото тестирање и дека ќе има и трета вонредна сесија во август за оние што поради приватни планови не можат да полагаат следната недела.

 - Понудивме секое дете кое смета дека имало извесен проблем во првиот дел во тестот, а тоа ние го евидентираме врз основа на приговорите на училиштата, да може да си преполага во втората редовна сесија. Апелирам да не чувствуваат страв од полагањето. Тоа не е повторување, туку дополнителна шанса никој да не биде оштетен. Ако не можат да стигнат за 17-ти и 18 јуни, ќе има трета, вонредна сесија на крајот на август само за овие деца… Ученикот ќе го полага истиот испит што го полагал и во првата сесија. Прашањата ќе бидат од тој предмет, тој нема да полага уште еден предмет, рече Ристовски.

 Додаде дека по добивањето на резултатите од тестовите на сите, речиси 200.000 ученици,  ќе следува сеопфатна анализа на секој предмет одделно од што, рече тој, ќе се добие појасна слика за потребата од докреирање или извесни корекции на системот, на некои наставни програми или евентуална потреба за дообука на наставниците.

најчитано сега