Утре ќе биде познат составот на новата грчка влада

Составот на новата грчка Влада најверојатно ќе биде соопштен утре, соопштија извори од Сириза.

Новиот кабинет ќе биде мал, некои од постоечките министерства ќе бидат споени, додека оние кои ќе бидат формирани ќе ги предводи министер и „можеби некои заменици министри“.

Лидерот на Сириза Алексис Ципас вечерва ќе се сретне со лидерот на Потами Ставрос Теодоракис, а веќе имал и телефонски разговор со генералниот секретар на Комунистичката партија на Грција Димитрис Куцумбас кому му рекол дека ќе го информира за сите клучни прашања.

Според истите партиски извори, Јанис Драгасакис од Сириза телефонски разговарал со министерот за финансии во заминување Гикас Хардувелис и истакнал дека дискусиите на денешниот состанок на Еврогрупата, каде Грција ја претставува Хардувелис, не можат да се однесуваат на клучни прашања.

Инаку, за неколку минути се очекува да почне и церемонијата на која Ципрас ќе положи заклетва како премиер на Грција.

 

 

Оцени ја веста

26.01.2015 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега