Откриена причината за смртта на Јуриј Гагарин
Јуриј Гагарин, првиот човек кој отпатува во вселената загина во авионска несреќа во 1968 година така што авионот со кој патувал се обидел да избегне друг авион а не птица или некој друг објект како што претходно беше познато.
За смртта на Гагарин говореше познатиот космонаут Алексеј Леонов кој 20 години се обидувал да добие дозвола за да каже како умрел првиот човек кој стапна во вселената.
Комисијата која ја испитувала смртта на Гагарин открила дека неговиот авиом МIG15-UT се обидел да избегне друг авион SU-15 кој премногу се приближил.