На кое место Македонија ќе го заврши Мундијалот?

По 11 место во Хрватска кога мундијалот се играше по друг систем на натпреварувања, со две групни фази и со разигрувања за пласман и по 13 место во Шпанија пред две години, кога исто така испаднавме во осминафиналето, ова веројатно ќе биде блиску до нашиот најдобар пласман во историјата на мундијалите.

Slovenia vs Fyro Macedonia 150125Qatar 2015 M64 SLO vs MKD-GEO16 xlarge

 

Конечниот распоред од 9 до 16 место ќе биде познат утре, кога ќе бидат одиграни последните 4 осминафинални мечеви, но голема е веројатноста дека ќе го израмниме или подобриме резултатот од Хрватска, кога водени од Илија Темелковски го освоивме 11 место со победата против Јужна Кореја во мечот за 11 и 12 место. Наше најголемо постигање на големите приредби останува петтото место од европското првенство во Србија во 2012 година.

 

 

Оцени ја веста

25.01.2015 - 21:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега