Земал мигранти од цел свет и си ги донел во Македонија
Тројцата скопјани С.С.(18), Б.С.(30) и К.С.(30) си заработија кривични пријави бидејќи криумчареле мигранти.
Од МВР информираат дека вчера околу 3 часот кај месноста викана клучка Прдејци, Гевгелиско, С.С. во неговото возило превезувал осуммина мигранти, меѓу кои едно малолетно лице. Мигрантите со помош на скопјаните, нелегално ја преминале македонско-грчката граница. Додека С.С. ги возел илегалците, Б.С. и К.С. со друго возило вршеле опсервирање на патот заради избегнување на полициска контрола. Четворица од мигрантите биле државјани на Алжир, двајца од Мароко и двајца од Сирија.
Истражен судија на пријавените им одредил триесетдневен притвор, додека мигрантите се пренесени во Прифатниот ценатар за странци.