Крвава ноќ во Тетово: Влегол во продавница - преживеал хорор

Во текот на вчерашниот ден околу 19 часот во Тетово на улицата „Андреја Стојановски“, во маркетот „Јупром“, двајца засега непознати сторители извршиле разбојништво над 67-годишниот Т.Б. и Т.Ч. Според податоците од полицијата, насилниците влегле во маркетот и еден од нив вперил пиштол кон вработените, барајќи пари, а откако продавачката се спротивставила, сторителот пиштолот го вперил кон И.И. кој бил купувач, по што со рачката од пиштолот го удрил во пределот на задниот дел на главата. Веднаш потоа, двете лица го напуштиле маркетот и заминале кон улицата „Ѓорче Петров“.

Повреденото момче било веднаш пренесено во болница.

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега