Груевски: Подготвени сме да разговараме со СДСМ за сите разумни теми

Премиерот Никола Груевски во емисијата „Јади бурек“ рече дека се подготвени да разговараат со СДСМ за сите разумни теми и дека посакува да ги види во Парламентот.

- Посакуваме СДСМ да го видиме во Парламентот. Може да разговараме за секоја логична тема, но не и за нереални барања како техничка влада или пак предвремени избори. Нам граѓаните ни го дадоа мандатот со над 200 илјади гласови за да реализираме проекти, истакна премиерот.

Според него, СДСМ сака со црна камања, наместо со програма да дојде на власт.

- Главната финансиски поддршка доаѓа од СОРОС. СДСМ не разговараат за проекти, бидејќи нема што да разговараат на таа тема. Ние ќе продолжиме да инвестираме и работиме за граѓаните, тие нека продолжат со црна кампања, рече Груевски. 

 

 

Оцени ја веста

24.01.2015 - 11:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега